Бертанс се повреди и предвреме го заврши Мундобаскетот

Капитенот на летонската кошаркарска репрезентација Даирис Бертанс се повлече од Светското првенство поради повреда на бутот, соопшти денеска Летонската федерација.
Бертанс се повреди во неделата за време на втората четвртина од
натпреварот против Франција, кој Летонија го доби со 88-86 во
Џакарта.
Тој беше најдобар стрелец на тимот со 20 поени во првиот натпревар
на турнирот на 27 август и победа од 109-70 против Либан.
Летонија првпат игра на Светско првенство, а со две победи во
групата Х се пласираше во втората фаза од натпреварувањето.
Денешниот натпревар меѓу Летонија и Канада ќе решава за првото
место во групата, бидејќи и Канада има две победи.