Беса го изненади Шкупи, Гостивар само ремизираше со Брера

Денес на програмата беа пет средби од 23.коло во ПМФЛ. Брера на Маџари кај Гостивар имаше 1-2, со головите на Велков и Ѓорѓиевски од слободен удар, но во 88. минута од пенал Ајдоган израмни на 2-2. Претходно Каланоски донесе водство на Гостивар од 1-0.

Беса до овој меч немаше гол оваа пролет, а денеска на Чаир даде три успеа да го победи Шкупи со 2-3. Видовме мајсторија на Влатко Стојановски кој во 60.минута од половина терен успеа да постигне фантастичен гол за 1-3 за Беса.

Струга со голот на Малески во 88.минута ја “скрши“ Воска за победа од 1-0 во “Езерското дерби“, а Шкендија со голот на Ибрами бр. 213 во кариерата во ПМФЛ успеа да дојде до победа од 1-0 против Пелистер.

Утре со почеток од 14 часот се игра средбата Работнички и Тиквеш, и тоа на ФФМ.