Бесмир Бојку прво засилување на Струга Трим Лум
Екипата на Струга Трим Лум го повлече првиот потег на трансфер пазарот, доведувајќи го Бесмир Бојку.
26-годишниот фудбалер во редовите на Струга Трим Лум ќе се пресели од косовски Фероникели каде што играше минатата сезона. Претходно, Бојку настапуваше за македонските екипи Шкупи, Шкендија, Македонија Ѓорче Петров и Работнички.
Струшките „црвено белите“ на големо се подготвуваат за европското деби. Стружани на 15 јуни ќе го дознаат противникот во Европската конференциска лига.