Бетис го сака Оскар Мингуеса од Барселона
Фудбалскиот состав Бетис внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Барселона, Оскар Мингуеса, кој има договор до крајот на сезоната.
Клубот е задоволен од младиот играч и му понуди нов договор до 2023 година, но, играчот се двоуми дали да потпише. Тој сака да види кој ќе биде нов претседател на екипата од „Камп Ноу“ и дури потоа да ги открие неговите планови.
Во исто време, луѓето од Бетис контактирале со неговиот агент задолжен за трансфери за да видат дали имаат шанси да го купат. Тие процениле дека Мингуеса може да биде одлично засилување за екипата.