Бешикташ го договори Тами Абрахам

Откако вчера стана јасно дека нема да остане во Милан по истекот на позајмицата од Рома, Тами Абрахам веќе има нов клуб. Тој по се изгледа ќе ја продолжи кариерата во Бешикташ.

Турскиот клуб постигна договор со Рома за трансфер на англискиот напаѓач, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Договорот е вреден околу 20 милиони евра. Абрахам се согласил на трансферот, и денеска се подготвува да отпатува за Турција.