Бешикташ се откажа од трансфер на Диего Коста

Бешикташ одлучи да се откаже од идејата да потпише со напаѓачот Диего Коста. Претседателот на Бешикташ, Ахмет Нур Чеби, смета дека барањата на Бразилецот се преценети и стави вето на договорот. Диего Коста сакаше да добива 4 милиони евра годишно. Покрај платата, тој побара процент од продажбата на дресовите со неговото име и бонуси од 1 милион евра. Диего Коста во моментов преговара со бразилскиот Атлетико Минеиро.
Напаѓачот е слободен агент откако го напушти Атлетико Мадрид во декември 2020 година. Трансфермаркт го проценува играчот на 6 милиони евра. Минатата сезона напаѓачот успеа да одигра само седум натпревари за Мадрид, на кои постигна два гола.