Бешикташ ќе испрати понуда за Матс Хумелс
Бешикташ упатил понуда до германскиот дефанзивец Матс Хумелс, објавија турските медиуми. Предлогот на турскиот клуб е за договор на 2+1 година.
Хумелс сега е слободен играч откако ја напушти Борусија Дортмунд. Неговиот договор со финалистот од Лигата на шампионите не беше обновен и тој може да се пресели во друг клуб без трансфер. За 35-годишниот фудбалер не недостига интерес од други клубови од Европа, како и од МЛС и Саудиска Арабија.
Сепак, желбата на фудбалерот е да остане на Стариот континент. Се очекува Хумелс наскоро да донесе одлука за својата иднина, а Бешикташ е една од неговите главни опции.
„Црните орли“ веќе се засилија со еден централен дефанзивец – Габриел Паулиста од Атлетико Мадрид.