Бејл го сака Мадрид, но Мадрид не го сака Бејл!
Герет Бејл потврди дека нема намера да го продолжи неговото останување во Тотенхем. Велшанецот имаше пар добри партии по враќањето во Лондон, но се чини дека не планира да остане повеќе од една сезона. Тотенхем му служеше како „тренинг“ за Европското првенство, каде ќе има натпревари со Швајцарија, Турција и Италија. По крајот на сезоната ќе се врати во Мадрид, а шпанските медиуми пишуваат дека офанзивецот сака да ја наплати последната година од договорот со Реал. Ќе му припаднат околу 16 милиони евра, а прашање е дали останувањето во Мадрид ќе му донесе и минутажа кај Зидан. 31-годишниот Бејл веќе е навикнат повеќе да бвиде на трибините на Реал отколку во самиот тим, а се чини дека таква слика ќе гледаме и наредната сезона, доколку не се најде некој што ќе ги исполни големите барања на Велшанецот.