Бејл донел одлуката околу својата иднина во Тотенхем

Тотенхем одлучи што ќе прави со крилниот напаѓач Герет Бејл. Како што е познато, Велшанецот во моментов е на позајмица кај лондончани од Реал Мадрид, а клубот има опција да ги откупи неговите права по крајот на сезоната. Сепак, се чини дека тоа нема да се случи, пренесуваат медиумите во Лондон.
Менаџерот Жозе Мурињо и раководството на Тотенхем одлучиле да не ја искористат опцијата за купување на правата на Герет Бејл. Тие процениле дека 31-годишниот играч не покажа доволно за да ги убеди со своите настапи дека треба да остане трајно во нивните редови.
Лондончани веќе контактирале со своите колеги од Реал Мадрид за да ги информираат за нивниот став по ова прашање. Бејл се врати во Тотенхем со големи очекувања минатото лето. Досега има одиграно 15 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола.