Бејл нема да си замине во пензија и по Мундијалот во Катар

33-годишниот фудбалер на Лос Анџелес, Герет Бејл кој со неговиот Велс е елиминиран од Мундијалот во Катар, ги негира најавите дека ќе се повлече од селекцијата.

„Ќе продолжам додека можам и добивам повик. Тежок момент но, не се откажувам. Квалификациите за ЕП почнуваат во март и се надевам дека ќе бидам таму” – изјави Бејл и се насочи на настапот на СП.

„Не ги оправдавме очекувањата но, мораме да бидеме горди и задоволни. Бевме на голем фудбалски настан“, потенцираше првата ѕвезда на Велс.