Бејл сака да остане во Лос Анџелес до 2024 година

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Герет Бејл, увери дека МЛС не е лига за играчи, кои се пред откажување од спортот. Репрезентативецот на Велс, исто така, рече дека се надева оти преселбата во новиот тим ФК Лос Анџелес ќе му овозможи да остане подготвен за репрезентацијата на неговата земја до Европското првенство во 2024 година. Неговиот сегашен договор е за една сезона, но може да биде продолжен до 2024 година, кога Бејл се надева дека Велс ќе учествува на Европско првенство.

„Како што реков, тоа е првенство што е навистина развиено и измина долг пат во последните 10 години. Мислам дека се прави сериозен напор за напредок во лигата, а играчите кои доаѓаат можат да го видат тоа. Мислам дека никој повеќе не го гледа овој шампионат како таков за натпреварувачи, кои се на прагот да се откажат. Сето тоа е многу возбудливо. Играњето пред такви навивачи е една од причините зошто играте фудбал“, додаде Герет Бејл.