Бејл се ослободи и конечно го „пецна“ Мурињо
Ѕвездата на Тотенхем, Герет Бејл постигна хет-трик против Шефилд Јунајтед и полека влегува во препознатливата форма и постигнува погодоци , нешто што се очекуваше од него.
Бејл беше во немилост кај Мурињо додека Португалецот беше на клупата на Тотенхем , ретко добиваше шанса на теренот, па по синоќешниот одличен меч имаше со што да го „пецне“ Мурињо.
„Конечно го вративме победничкиот Тотенхем и нормално е да се очекува постигнување на повеќе голови. Работевме на оваа формација неколку недели, конечно играме фудбал на начин на кој е препознатлив овој клуб. Ми требаат натпревари, а кога имам континуитет, нормално е да играм вака.“, изјави Бејл.
Тој му се заблагодари на новиот тренер Рајан Мејсон за офанзивната тактика што му овозможува на Бејл да игра поблиску до противничкиот гол.