Бејтулаи: Со нетрпение го чекам дебито на Европското првенство
Дефанзивниот фудбалер на нашата репрезентација, Егзон Бејтулаи, вели дека е се чувствува одлично бидејќи е дел од селекцијата која го направи историскиот успех со пласманот на ЕП.
„Со нетрпение го очекувам. Се надевам дека во Букурешт ќе се претставиме во одлично светло и ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи. Секогаш давав сè од мене, во младата репрезентација до 21 година и во А селекцијата. Треба подеднакво добро да напаѓаме и да се браниме“, вели Бејтулаи.
Македонија на 13 јуни во Букурешт со почеток од 18:00 часот ќе го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата „Ц“ од Европското првенство.