Беќири: Имавме среќа, но ја заслуживме!

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири признава дека Шкендија и со доза на среќа дојде до денешната победа од 1-0 над Шелбурн, тој се надева на подобри игри во идните натпревари од Конференциската лига.

Шкендија со автогол во судиското продолжение дојде до победа над Шелбурн, историски триумф кој ги донесе првите три бода во Конференциската лига.

„Секако декаа сме задоволни, ние со скромни амбиции почнавме во Европа, па сакам така и да продолжиме. Бодовите во Европа се многу важни, затоа што одат во корист и на целата лига. Сепак, треба да кажеме дека оваа Шкендија не е најдобрата и се надевам дека во наредните натпревари ќе одиграме подобро за да дојдеме и до нови бодови. Среќата ги следи храбрите, се согласувам дека денеска беше наша страна, но ние работиме секојдневно, па и ја заслуживме таа среќа. Тоа што ние победуваме и кога не сме на 100% од нашите можности покажува дека сме квалитетна екипа. Игравме против квалитетна екипа која ја победи и Риека, одиграа реми со Хакен, па така не треба да се мисли дека тука играме со слаби екипи, лесни бодови тука нема“, изјави предводникот н Шкендија.

Стратегот на Шкендија се пожали и на состојбата на теренот на арената.

„Навистина ми е жал што во овој момент состојбата на теренот беше лоша, па моравме да играме на таков терен“, додаде Беќири“