БИБЛ Лига: Куманово и Академија ФМП ќе ја отворат сезоната
Дуелот во Куманово, закажан за 12.октомври, ќе го означи почетокот на новата сезона во регионалното натпреварување.
Натпреварот ќе се игра во ист ден со оној меѓу Хапоел Галил Елион и Балкан во Израел.
Покрај овие четири екипи, во групата „А“ се наоѓаат и Пеја и Левски, но мечот од првото коло тие ќе го одиграат дури на 28 декември.
Третиот македонски претставник, екипата на ТФТ стартува една недела подоцна, Поточно на 20. октомври, на домашен терен против Приштина чиј член е македонскиот репрезентативец Лејсон Зекири.
Тоа е натпревар од второто коло бидејќи мечот од првиот круг, тимот од Тафталиџе ќе го игра на 5 јануари, против Ибар. Во оваа група се уште и екипите на Ирони Раин Нахарија, Берое и Академик Пловдив.
Исто како и претходните сезони, и сега натпреварите од БИБЛ лигата ќе се играат во различни термини. Основниот дел ќе заврши пред крајот на јануари по што ќе стартува разигрувањето за титулата.