Бившиот претседател на Барселона, Бартомеу под истрага на обвинителството

Обвинителството во Барселона покрена официјална истрага против раководсвото на фудбалскиот клуб Барселона, предводено од тогашниот председател Бартомеу кој поднесе оставка во октомври 2020 година.

Истрагата е иницирана од актуелното раководство на клубот и новиот претседател, Жоан Лапорта во март минатата година, кога тие изразија сомневање за неправилно финасиско работење од претходните челници.

По ревизијата на новиот претседател, Барселона беше во состојба на банкрот со долгови и обврски за плаќање од околу 1,35 милијарди евра. Клубот ја заврши сезоната 2020-2021 со нето загуба од 481 милион евра.

Одделот за економски криминал мора да утврди дали поранешното раководство може да биде кривично гонето за состојбата на клубот.