Биелса го напушта Лидс по само една сезона во Премиерлигата?
Лидс на отворањето на ова коло во Премиерилигата загуби кај Вулверхемптон со 1:0, но мора да се признае дека тимот на Марсело Биелса е освежување во англискиот фудбал.
„Ел Локо“ е познат како ексцентрик, ова е инаку негов рекорд во клупскиот фудбал. Аргентинецот е во Лидс веќе две и пол години, што е подолг период отколку во неговите претходни клубови. Единствено подолг период има поминато на клупата на Аргентина и Чиле.
На крајот од оваа сезона му завршува договорот, а засега нема потврда за негово продолжување.
„Ако остане, ќе бидеме пресреќни да продолжиме. Ако групата е среќна со него, и јас сум среќен. Се е оставено на него. Ја чекаме неговата одлука, но во секој случај анализираме опции и што би правеле доколку Марсело не сака да продолжи со нас. Се надеваме дека ќе остане, но го подготвуваме клубот за секој случај. Мислам дека нема завршено тука. Мора да остане да ги види навивачите во Премиерлигата. Тоа е она што тој го заслужува како менаџер.“ – изјави сопственикот на Лидс.