Биелса повика фудбалер од аматерската лига во репрезентацијата на Уругвај
Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса во репрезентацијата го повика 24-годишниот фудбалер Валтер Домингез кој настапува во аматерската лига.
Уругвајците на крајот на овој месец ќе одржат подготвителен тренинг камп за Купот на Америка во 2024 година.
Домингез настапува за клубот Хувентуд Соријано, каде сезонава на 39 натпревари постигна 57 гола.
Биелса е во репрезентацијата на Уругвај од мај 2023 година. Под негово водство репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа шест победи, два пораза и едно реми.
Купот на Америка 2024 ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.