Биелса пред промоција за нов селектор на Уругвај
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2022/12/bielsa-1024x631.jpg)
Уругвај имаше разочарувачко Светско првенство, репрезентација има огромен потенцијал доколку се види кои се играчи ги има во составот, но на Мундијалот во Катар не ја поминаа ниту групата. Јасно е дека со овој неуспех завршува работата на Диего Алонсо како селектор на Уругвај, а јужноамериканските медиуми веќе најавија кој ќе биде неговиот наследник.
Тоа е Марсело Биелса, Аргентинецот кој ужива култен статус не само во Јужна Америка, туку и во целиот свет.
Официјално за селектор би требало да биде назначен следната година, а негова главна цел ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година.
Уругвај ќе биде трета селекција од Јужна Америка која ќе ја води Биелса, претходно беше селектор на Аргентина и Чиле.