Билбао нема да биде домаќин на ЕУО 2020, УЕФА им го одзеде правото на Баскијците
УЕФА денеска и официјално му го одзеде на шпанскиот град Билбао домаќинството на натпревари од престојното Европско првенство. Европската куќа на фудбалот го исклучи Билбао поради неисполнување на строгите санитарни услови кои беа поставени за сите организатори. Но, баскијската влада информирала дека е невозможно да се исполнат. Условите на кои падна Билбао е 60% вакцинирани граѓани на Баскија до 14. јуни, и болните од Ковид-19 да не заземаат повеќе од 2% од капацитетите на болниците во Баскија, што е навистина тешко изводливо. Од организацискиот одбор на првенството од Баскија истакнаа дека оваа одлука на УЕФА, која ја донела самоволно, е крајно некоректна. Од Билбао најавија дека ќе бараат отштета од УЕФА. Како најсериозен кандидат за нов организатор е Севилја.