Бироф откри кој ќе го наследи Лев на клупата на Германија

Оливер Бироф, директорот на германската репрезентација, потврди дека наредниот германски селектор би требало да биде Ханси Флик.
Флик на крајот од сезоната го напушта Баерн и на клупата на Германија ќе го наследи Јоаким Лев, кој на Германија во 2014. година му ја донесе титулата светски првак.
„Не мислам дека одлуката ќе биде донесена во наредните неколку денови, но би сакал се да биде решено пред Европското првенство:“ – вели Бироф одговарајќи на прашање за именувањето на Флик.
„Имам доверба во него и знам колку му е важен националниот тим. Намерно не ги интензивиравме нашите разговори пред Баерн да ја освои титулата, но сега ќе можеме да разговараме.“
Флик би требало да потпише тригодишен договор со фудбалскиот сојуз на Германија и да ја преземе репрезентацијата по Европското.