Блажиковски означи крај на кариерата
Eден од најпознатите полски фудбалери во историјата, Јакуб Блажиковски објави крај на кариерата.
Полскиот 37-годишен крилен напаѓач е втор по бројот на настапи во дресот на полската репрезентација. Повлекувањето го објави фудбалерот на социјалните мрежи.
„Секој пат има свој крај. Благодарен сум ви за големата поддршка што ја добивав со секој мој чекор. Се што направив во минатото вредеше“, објави помеѓу другото екс-играчот на Борусија Дортмунд.
Блажиковски во јуни го одигра последниот натпревар за германската репрезентација, а кариерата ја завршува во второлигашот Висла Краков каде што играше и од 2004 до 2007 година.
Низ кариерата со Борусија Дортмунд освои две титули во Германија, еден домашен куп и три Суперкупа. Го носеше дресот уште на Волфсбург и Фиорентина, а на 5 август ќе се прости од публиката на стадионот на Висла Краков.