Блатер и Платини обвинети за измама
Швајцарското јавно обвинителство покрена обвинение за измама против поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер и Мишел Платини кој беше прв човек на УЕФА.
Истрагата против двајцата фунционери се водеше 6 години а се однесуваше на незаконска исплата на 2 милиони швајцарски франци од ФИФА кон Платини, на име консултантски услуги во 2011 година.