Блесок на Гонзало Гарсија, Реал лесно се справи со Бетис

Фудбалерите на Реал Мадрид продолжуваат со потера по водечката Барселона. Тимот на Чаби Алонсо убедливо го победи Бетис во натпреварот од 18-то коло на шпанската Ла Лига со 5-1.
Во отсуство на Килијан Мбапе,неочекуван херој на „кралскиот клуб“ стана младиот Гонзало Гарсија.
Ги постигна првите голови во Ла Лига, натпреварот го заврши со хет-трик. Останатите два гола за Реал ги постигнаа играчите од одбраната, Раул Асенсио и Фран Гарсија.