Блесок на македонските стрелци на „Трофеј Белград“
Викендов по 49-ти пат се одржа меѓународните натпревари во стрелаштво со воздушно оружје „Трофеј Белград“, каде покрај 15 земји учеснички, учествуваа и стрелци од државната репрезентација на Македонија помеѓу кои и членови на СК Стрелец.
И на двата натпревари најуспешен беше Мартин Ангелески кој во текот на вчерашниот ден погоди 620,9 кругови и пропушти финале за медал за само 1 круг.
Ангелески постави и личен и државен рекорд со погодени 626 кругови и повторно немаше среќа за влез во финале и борба за медал за само 1 круг. Мартин Ангелески со континуиран тренажен процес покажа дека продолжува да го зголемува својот резултат и со сигурност докажува дека е подготвен за новиот олимписки квалификациски циклус за учество на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.