Бобан го доведе Домингез од Ла Масија во Динамо Загреб

Младиот шпански фудбалски талент Серги Домингез денес беше официјално претставен како ново засилување на хрватскиот гигант Динамо Загреб. Со ова, „модрите“ испратија јасна порака дека продолжуваат со стратегијата за вложување во перспективни играчи од најпрестижните фудбалски школи во Европа.

Домингез, кој настапува на позицијата централен дефанзивец, потпиша долгорочен договор со клубот од „Максимир“, откако претходно беше дел од славната академија на Барселона – „Ла Масија“.

Иако клубовите официјално не ги открија финансиските детали, медиумите во Хрватска и Шпанија пренесуваат дека трансферот изнесува околу 1,5 милиони евра. Дополнително, Барселона задржала процент од евентуалната идна продажба на играчот, што укажува на нивната доверба во потенцијалот на Домингез.