Бобан негира дека саудиски екипи ќе играат во ЛШ

Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ вчера објави дека УЕФА донела одлука следната сезона еден арапски тим да игра во Лигата на шампионите, но денес Звонимир Бобан кој е еден од главните оперативци во европската куќа на фудбалот ги демантираше овие најави.

Во изјава за „Вечерњи лист“, Бобан истакна дека станувало збор за глупости и измислици кои немаат врска со реалноста.

„Тоа се глупости и измислици од наводно сериозен весник од Италија. Сериозни новинари или новински куќи прашуваат дали е нешто вистина или не, не пишуваат глупости.

Во Лигата на шампионите, како и сите други натпреварувања на УЕФА ќе играат само европски клубови, тоа го повторил и претседателот Чеферин повеќе пати“, изјавил Бобан.