Бовен: Одлуките на ВАР-системот се чудни и тешко објасниви

Капитенот на Вест Хем, Џерод Бовен, се сомнева во одлуката на (VAR) да го поништи голот за израмнување во судиското продолжение против Арсенал во Премиер лигата.

Погодокот на Калум Вилсон кој можеше да им ја врати надежта на „чеканите“ дека ќе избегнат испаѓање од лигата, беше поништен поради прекршок врз голманот Дејвид Раја по долга проверка во ВАР собата.

„Корнерите се физички момент. Премиер лигата се игра напорно. Затоа сите ја сакаат. Мора да очекувате контакт на корнерите. Ако донесете таква одлука, мора да досудите фаули за секој старт на светот“ – рече Бовен.