Бове се сруши на тревникот, прекинат натпреварот Фиорентина – Интер

Драматична сцена се случи во денешниот натпревар помеѓу Интер и Фиорентина поради која натпреварот се прекина во 17-та минута и засега не е познато кога ќе се доигра.
По само 17 минути игра натпреварот е прекинат, откако фудбалерот на домашниот тим Едоардо Бове колабираше на теренот.
Бове одеднаш загуби свест и падна на теренот. Играчите на двете екипи веднаш се стрчаа да му помогнат како и лекарските екипи.
Бове без свест беше пренесен во. а судијата ги истпрати фудбалерите во соблекувалните.
Медиумите во Италија пренесуваат дека ситуацијата на фудбалерот е многу сериозна.