Богдан Радивојевиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Ростерот на Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе биде преполн со родени шампиони. Еден од нив е Богдан Радивојевиќ, кој се обрвза на нов едногодишен договор со Еурофарм Пелистер. По две успешни сезони во првакот на Македонија, десното крило постигна согласност за соработка и за сезоната 2025/26.

32-годишниот Радивојевиќ освојувал трофеи секаде каде што настапувал. Во Партизан, Рајн Некар Левен, Флензбург, ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ остави голема трага и затоа огромно е задоволството што нашата соработка ќе продолжи.

Радивојевиќ во сезоните 2023/24 и 2024/25 одигра 27 натпревари за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а минатата сезона го освои и шампионатот на Македонија.