Бодо Глимт го живее сонот, го елиминира и Интер од Европа

Четири натпревари вечерва се одиграа од првата нокаут-фаза во фудбалската Лига на шампиони. По нив, познати се четири тима кои ќе продолжат во осминафиналето а таму нема да е италијанскиот гигант Интер.

Екипата Бодо Глимт потврди дека не е случајна сензација во досегашниот тек од сезоната.

Норвешкиот тим во двата дуели од 1/16-финалето беше подобар од Интер со вкупен резултат 4-1.

Првиот меч во Норвешка заврши 3-1, а вечерва во Милано Бодо Глимт славеше со 2-1.

Со две победи и многу голови пласман меѓу шеснаесетти најдобри обезбеди англискиот Њукалс. Вечерва на домашен терен Њукасл го совлада Карабах со 3-2, откако на гости славеше си 6-1.

Двата гола постигнати во Атина се покажаа како пресудни за дуелот Баер Леверкузен – Олимпијакос. Германскиот тим го доби тој натпревар со 0-2, па вечерва си дозволи да одигра 0-0 пред својата публика.

Пласман во следната рунда денеска обезбеди и Атлетико кој во Мадрид го декласира Бриж со 4-1, а три гола постигна Сорлот.