Бодо/Глимт ја одбрани шампионската титула во Норвешка

Екипата на Бодо/Глимт во последното коло од првенството, забележа победа од 3:0 над Мондален со што стана шампион на Норвешка.

Бодо сезоната ја заврши со предност од три бода пред второпласираниот Молде и ја одбрани титулата од минатата година.

Ова со сигурност е најуспешната фудбалска година на Бодо /Глимт, кој освен шампионската титула во домашното првенство, успеа да се пласира и во елиминационата фаза од Лигата на конференциите.