Бока Јуниорс создава вистински дрим-тим!
Се чини дека Бока Јуниорс на самиот крај од трансфер периодот би можела да добие огромно засилување.
Откако клубот беше елиминиран во полуфиналето од Копа Либертадорес, Бока сака нова титула која ќе биде посветена на Диего Марадона, а според информациите, нов предводник на нападот на клубот би можел да биде Диего Коста.
Шпанските и аргентинските медиуми тврдат дека преговорите се движат во добра насока, Коста кој го раскина договорот со Атлетико има желба да игра за Бока, иако има понуди и од родниот Бразил.
Многумина веќе го замислуваат тандемот Диего Коста – Тевез, иако Тевез е веќе на крајот од својата кариера и не е стандарден во првиот состав.
Бока Јуниорс веќе го ангажираше Маркос Рохо, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а наводно блиску до потпис е и Гастон Хименез, поранешен играч на Сампдорија кој сега настапува во МЛС.