Боксерот Ален Рустемовски е спортист на Македонија за 2025 година

Во организација на Министерството за спорт беше одржана традиционалната манифестација изборот на “Спортисти на годината“ за 2025.

71-издание на изборот „Спортисти на годината 2025“ ни ги донесе најдобрите за изминатата година, а за спортист на годината беше прогласен боксерот Ален Рустемовски кој го освои 2.место на ЕП до 23 години.

За најдобра спортистка беше прогласена Катерина Попева, која беше светска првенка во боди билдинг. За најдобар тренер/селектор беше прогласен Могамед Ибрагимов во борење.

Одбојкарската репрезентација на Македонија е најдобриот национален тим во машка конкуренција, додека ракометната го доби ова признание во женска конкуренција.

Добитници по категории:

Спортист на годината: Ален Рустемовски (бокс)
Спортистка на годината: Катерина Попева (боди билдинг и фитнес)
Најуспешен млад спортист: Адријан Рустемовски (бокс)
Најуспешна млада спортистка: Даниела Алексовска (бразилска џиу џица)
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија -сениорки
Најуспешен машки национален тим: Одбојкарска репрезентација на Македонија- сениори
Најуспешен тренер/селектор: Могамед Ибрагимов (борење)
Најуспешна национална спортска федерација: Џудо федерација на Македонија
Најуспешен спортист со инвалидитет: Андреј Стојановски (пливање)
Најуспешна спортска екипа од Универзитетите: Машки тим во мал фудбал на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта: СУГС „Никола Карев“ – Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта: ООУ „Никола Карев“ – Кочани
На годинашното издание на изборот „Спортист на годината 2025“ беше доделена и
плакета за постигнати резултати на талентиран млад спортист. Добитник на ова
признание е младиот пливач Петар Цеков.