Боксерот Канело му се извини на Меси

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварес му се извини на Лионел Меси после заканувачките пораки кои минатата недела му ги упати преку Твитер.

„Ме понесе страста и љубовта која ја осеќам спрема својата земја и дадов некои непримерни коментари. Затоа сакам да му се извинам на Меси и на народот на Аргентина“, напиша боксерот на својот Твитер налог.

Снимката од прославата на фудбалерите на Аргентина после победата над Мексико стана вирален хит, и на таа снимка делуваше дека Меси шутна дрес на Мексико кој се наоѓаше на подот додека фудбалерот ги соблекуваше копачките. Тоа беше повод за реакција и заканувачки пораки кои мексиканскиот боксер Канело ги упати до Меси.