Боксот нема да биде дел од следните Олимписки игри

Боксот нема да биде во програмата на Олимписките Игри во Лос
Анџелес во 2028 година.
Секој град-организатор има можност да укине или воведе некој
спорт, а организацискиот одбор на Лос Анџелес ги предложи
безбол/софтбол, крикет, флег фудбал, лакрос и сквош со тоа што
испаѓаат боксот и брејкденсот.
Причина за елиминацијата на боксот е Интернационалната
боксерска асоцијација која го загуби кредибилитетот кај ИОК
поради обвиненија за корупција и неможност да ги имплементира
потребните реформи.