Болидот на Сена на аукција ќе достигне скоро 10 милиони долари

Моделот „Лотус 98Т“, управуван од легендарниот бразилски тркач Аиртон Сена во сезоната 1986, е ставен на продажба на аукциската куќа „РМ Сотбис“ .
Овој автомобил, во црно-златна боја, се натпреваруваше на осум Гран При трки во текот на сезоната 1986. Токму зад воланот на овој автомобил Сена ги постигна своите две победи таа година – на Големата награда на Шпанија и на Големата награда на САД во Детроит.
Цената на лотот се движи помеѓу 9,5 и 12 милиони долари. Доколку продажбата е на повисока цена, автомобилот би можел да стане еден од петте најскапи тркачки автомобили на Формула 1 во историјата.
Моменталниот рекорд му припаѓа на „Мерцедес W196R“ на Хуан Мануел Фанџо од 1954 година, кој беше продаден во 2025 година за 53 милиони долари.