„Болница“ во Мадрид: Само седуммина не се повредиле есенва
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е уште еден играч во тимот кој се повреди оваа сезона. Французинот беше принуден да го напушти теренот во првото полувреме на дуелот против Аталанта во Лигата на шампионите.
Тој во текот на денешниот ден ќе биде подложен на медицински тестови за да се утврди сериозноста на неговата повреда.
Само седум играчи во тимот на Карло Анчелоти се без повреди досега оваа сезона. Станува збор за Федерико Валверде, Лука Модриќ, Фран Гарсија, Антонио Рудигер, Арда Ѓулер, Ендрик и Андриј Лунин.
Уште една од ѕвездите на „кралевите“, Винисиус Жуниор се врати по повредата на мечот со Аталанта.
Сепак, надвор од плановите на тренерот Карло Анчелоти остануваат Давид Алаба, Едуардо Камавинга, Даниел Карвахал, Едер Милитао и Ферланд Менди.