Болоња го претстави Марко Арнаутовиќ

Болоња официјално го објави трансферот на Марко Арнаутовиќ, што го направи со интересно видео, во кое на крајот 32-годишниот напаѓач позираше со дресот на тимот.
Арнаутовиќ доаѓа во Болоња од кинескиот тим Шангај за сума од 3 милиони евра. Договорот на искусниот фудбалер е за следните 2 сезони. За Арнаутовиќ ова ќе биде втор престој во Серија А по оној со Интер во сезоната 2009/10, кога, сепак одигра само 3 натпревари.
Тој досега има настапувано за екипите на Твенте, Вердер, Стоук Сити и Вест Хем, а оваа година постигна 3 гола на 4 натпревари за својот клуб. Исто така, настапи на Евро 2020 со репрезентацијата на Австрија, за која има одиграно 91 натпревар и постигнато 27 гола.