Болоња пред потпис со Един Џеко

Един Џеко, 39-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, е блиску до враќање во Италија.

Според медиумите на Апенините, искусниот напаѓач треба да потпише договор со Болоња. Преговорите се во завршна фаза и остануваат само технички детали пред официјалната потврда.

Понудата вклучува договор за една сезона, со можност за продолжување за уште една година, доколку двете страни се задоволни од соработката.

Џеко би имал годишна плата од 1,5 милиони евра во Болоња, со дополнителни бонуси поврзани со бројот на натпревари и постигнати голови.

Одличниот напаѓач го напушти Фенербахче на крајот од сезоната, каде што помина две години.

Инаку, неколку месеци Џеко се поврзуваше со Хајдук од Сплит, но очигледно решил да игра во многу посилна лига од хрватскиот шампионат.