Болоња сензационално го освои Купот на Италија

Фудбалерите на Болоња го освоија Купот на Италија. Во финалето на „Олимпико“ во Рим, Болоња го победи Милан со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Ендој во 53.минута. Вечерва, по пауза од 51 година повторно го освои Купот.

Екипата на тренерот Виченцо Италијано обезбеди пласман во Лигата на Европа, додека Милан, кој моментално е осми во Серија А, најверојатно ќе остане без пласман во меѓународните натпреварувања.

Болоња претходно го освои Купот во 1970 и 1974 година. Тие исто така имаат седум шампионски титули. Милан има освоено пет купа, а последен пат славеше во 2003 година.