Бонучи доби изненадувачка понуда од Ајакс
Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи сериозно ја разгледува
опцијата кариерата да ја продолжи во Холандија.
Според добро упатени извори, Ајакс има намера наскоро да започне
официјални преговори, а самиот Бонучи е отворен за преселба во
Амстердам.
Бонучи помина 12 сезони во Јувентус, со што стана олицетворение на
последната ера на клубот. Дефанзивецот неколку години беше
капитен на тимот, за кој одигра повеќе од 500 натпревари.
Минатата сезона 36-годишниот играч поретко играше на теренот
поради понеефикасната игра и бројните повреди. Според
италијанските медиуми, стручниот штаб на Јувентус го вклучил
Бонучи во групата играчи на кои „старата дама“ повеќе не смета.