Бонучи објави дека ќе игра само уште една сезона, па ќе замине во пензија

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи објави дека ќе стави крај на својата кариера на крајот од следната сезона. 36-годишниот фудбалер зборуваше на каналот на „Бјанконерите“ по повод 500-от настап во тимот на „Старата дама“ и токму тогаш ја објави веста.
„Кога ќе се повлечам од фудбалот на крајот на следната сезона, ќе дојде крајот на ерата на одбранбен стил на игра. Прашање на гордост е да се биде меѓу најголемите. Се надевам дека многу идни дефанзивци ќе не гледаат како луѓе кои ќе бидат нивните идоли“, рече Бонучи.