Бонучи откри зошто Италија беше толку доминантна
Италија одлично го отвори Европското првенство, откако ја совлада Турција во Рим и ја оправда улогата на прв фаворит во групата. Натпреварот беше во еден правец од самиот почеток, а одличен беше Леонардо Бонучи, 34-годишниот дефанзивец на Јувентус.
„Кога започнувате ваква авантура, требате некаква тензија, треба да ви поминат морници низ телото, желба да изгорите. Точно замислив дека ќе бидеме вакви поради патот по кој поминавме за да дојдеме до овде.“ – рече Бонучи за Скај Спортс, па објасни:
„Ова е само првиот чекор на долгото патување. Сега ќе биде се потешко, бидејќи противниците ќе не запознаат и добро ќе се подготват за нас. Цврсто стоиме на земја. Рековме во соблекувалната дека ќе бидеме со ладни глави и жешки срца.“
На крајот, откри и што беше главниот мотив.
„Кога навивачите се на трибините, тогаш е нешто сосема поразлично. Тоа е различен фудбал, тие не носат во текот на сите 90 минути и сме многу подобри.“ – заклучи Бонучи.
Италија во наредното коло ќе игра со Швајцарија, додека Турција шансата за поправен испит ќе ја бара против Велс.