Бонџорно: Кога играш за Торино не потпишуваш за Јуве

Италијанскиот репрезентативец Алесандро Бонџорно објасни зошто одбил да се пресели во Јувентус и да ја прифати понудата на Наполи. Дефанзивецот направи трансфер во Наполи од екипата на Торино за 40 милиони евра (35+5).
„Имав понуди од многу тимови. Пораснав и играв во Торино, па имав чувство дека ако станам бјанконер ќе се изневерам себеси. Сум бил во Неапол и тука може да ја почувствувате љубовта на навивачите. Страста на луѓето за фудбалот и тимот е во воздухот. Многу сум среќен со изборот што го направив“, изјави дефанзивецот на Наполи, кој беше дел и од италијанската репрезентација на последното ЕП во Германија.