Бордалес пред разделба со Хетафе

Анхел Торес жестоко му одговори на тренерот по поразот од Лугано (2-5), откако Бордалас јавно обвини дека клубот не ги исполнил ветувањата за засилувања.

Жозе Бордалас и претседателот на Хетафе, Анхел Торес, влегоа во отворен конфликт по убедливиот пораз од Лугано со 2:5 во Конференциската лига. Тренерот јавно го изрази незадоволството од начинот на кој клубот го составил тимот, но доби жесток одговор од првиот човек на мадридскиот клуб.

„Се чувствувам измамено, бидејќи не беше исполнето она што ми беше ветувано од година во година. Многу сум лут“, изјави Бордалас по европскиот дебакл, нагласувајќи дека Хетафе нема доволно квалитетен и широк состав за да се натпреварува на три фронта.

Тренерот посочи дека уште од мај предупредувал дека екипата нема да може да го издржи напорниот распоред, а по поразот од Лугано најави дека повеќе нема да прави толку многу ротации во составот.