Бордо го отпушти тренерот Петковиќ

Тренерот на Бордо, Владимир Петковиќ, доби отказ од управата на клубот, после понижувачкиот пораз од екипата на Ремс со резултат 0:5. 

Петковиќ, кој е поранешен швајцарски селектор, минатото лето потпиша договор со Бордо со важност до 2024 година. 

Тој ја остава екипата во незавидна положба, бидејќи Бордо се наоѓа на претпоследното 19. место од табелата во француската Лига 1, и му се заканува испаѓање од истата.