Бордо под административна контрола по повлекувањето на инвеститорите од САД

Францускиот прволигаш Бордо е ставен под административна контрола откако инвеститорите од Кинг Стрит ја повлекоа финансиската поддршка, објави Лига 1. Причината за нивната одлука е пандемијата на ковид-19 и прекинатата претходна сезона, што доведе до големи загуби на жирондинците. Финансиската криза во Бордо се засили по банкротот на „Медијапро“, кој ги имаше телевизиските права за рекордни 780 милиони евра за сезоната помеѓу 2020 и 2024 година. Шпанскиот медиумски гигант ги откажа финансиските придонеси минатата година. Бордо беше шампион на Франција во сезоната 2008/2009, но оваа сезона е во лоша форма и ситуација и сега е на 16-то место во Лига 1 со пет бода над линијата за испаѓање.