Борис Бекер пуштен од затвор во Велика Британија
Поранешниот прославен германски тенисер, Борис Бекер, е пуштен на слобода од затвор во Велика Британија, и наскоро го чека депортација од оваа земја.
55-годишниот Бекер, претходно беше осуден на затворска казна од две години и шест месеци поради прикривање на неколку стотини илјади фунти, откако објави банкрот.
Поранешната тениска ѕвезда е најмладиот освојувач на Вимблдон со 17 години, после што успеа да освои уште две титули на тој гренд слем турнир.