Борна Чориќ изненадувачки го освои Мастерсот во Синсинати

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ доцна синоќа го постигна својот најголем успех во кариерата победувајќи го седмиот тенисер во светот, Гркот Стефанос Циципас, со 7-6 (0), 6-2 во финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати.

Чориќ со овој подвиг стана најслабо рангираниот играч на АТП листата (152.) кој успеал да освои еден турнир од серијата 1000. За втората победа во третиот меч против Циципас, на хрватскиот тенисер му беа потребни еден час и 57 минути.